Ова го има само на Балканот: Додека тимот игра натпревар, раководството именуваше нов тренер!

243

И дефинитивно фудбалот е сериозна работа. Спорт или бизнис од кој можеш и тоа како да заработиш. Ама на Балканот овој фудбал е сосема нешто друго, спорт по кој се врзуваат секаков вид на луѓе.

Инаку она што денеска се случи во клуб во БиХ и дефинитовно го има само на Балканот.

Имено за време на натпреварот на Слога Добој против Борац Бања Лука, раководството на Слога именуваше нов тренер.

Не, не е грешка. Токму додека траеше мечот тие си промовираа тренер.

Несфатливо!

Пред да заврши натпреварот, пристигна официјалното соопштение од клубот дека Недим Јусубеговиќ ќе го преземе тимот. Тренер кој е познат во БиХ и тренер кој има работено во Слога Добој. Ама тоа е помалку важно, интересен е тајмингот на објавата.

Тоа ти е Балкан.

Тоа е исто како да играат на пример Ливерпул и Манчестер Сити и за време на мечот, некаде во 70.минута, на социјалните мрежи на “Редси“ биде објавен новиот тренер!

ПретходноПеп: “Учителите и докторите треба да се најважни во општеството – ПЛАТЕТЕ ГИ!“
СледноХаос во Ниш: Прекинат мечот меѓу Партизан и Мега! (ВИДЕО)