Има спас за македонскиот фудбалски великан, ФК Победа. Информациите од Прилеп велат дека во моментов второлигашот, и клуб со огромни организациски, финансиски и од секаков друг вид проблеми сепак ќе опстои и ќе го продолжи натпреварувањето во овогодинешниот ВМФЛ шампионат.
И покрај најавите за откажување од второлигашката конкуренција и згаснување на клубот, сепак ФК Победа нема да го дочека тој хорор крај, напротив ќе продолжи да се натпреварува.
Спортспорт дознава дека ФК Победа ја обезбеди и потребната про форма документација, со регистрација на играчи и дефинитивно ќе биде дел од пролетниот дел од шампионатот.
Поточно, единствено што може да побара прилепскиот клуб е можеби одложување на утрешниот меч, за некој подоцнежен термин од сопствени организациски причини.










