Денвер продолжува да игра неконзистентно и претрпе пораз во првиот натпревар по паузата за Ол-стар натпреварите. Иако Нагетсите играа добро во првото полувреме на гости против Л.А. Клиперс, сепак беа поразени во возбудлив финиш.
Не помогна тоа што Јокиќ и Мареј играа навистина добро во последните две минути, бидејќи Л.А. Клиперс го одржуваа водството преку слободни фрлања, а Канаѓанецот имаше шанса да донесе продолжение. Секунда пред крајот на натпреварот, Мареј беше фаулиран при шут за три поени и ако ги погодеше сите три „пенали“ мечот ќе одеше во дополнителни минути, но тој го промаши последниот и Клиперс славеа со 115:114.
Никола Јокиќ го заврши натпреварот со 22 поени, 17 скока и шест асистенции, но нема да биде премногу задоволен од тоа како играше. Тој шутираше 9/22 од поле, не погоди ниту една тројка, па се чини дека проблемот со зглобот, кој беше преврзан на паузата за Ол-стар, имаше свои ефекти.
Канаѓанецот претходно постигна една тројка и имаше вкупно 20 поени (5/15), осум скока и осум асистенции.Што се однесува до Клиперсите, нив ги предводеше Бенедикт Матурин со 38 поени.
Резултати:
Шарлот – Хјустон 101:105
Кливленд – Бруклин 112:84
Филаделфија – Атланта 107:117
Вашингтон – Индијана 112:105
Њујорк – Детроит 111:126
Чикаго – Торонто 101:110
Сан Антонио – Феникс 121:94
Голден Стејт – Бостон 110:121
Сакраменто – Орландо 94:131
Л.А. Клиперс – Денвер 115:114










