Прилеп го декласира “фенерџијата“

30

Олекувано, лесно и заслужено. Ракометарите на Прилеп вечерва на свој терен во меч од 22.коло во Суперлигата, славеа против составот на Радовиш со 38:16

Ова беше нивна десетта победа, а воедно и 22 пораз на исто толку мечеви за тимот на Радовиш кој досега во изминатите 22 кола не успеа да дојде барем до бод.

Уште на стартот се виде дека домашните ракометари ќе имаат лесна задача вечерва. Тргнаа добро против немоќниот гостин и на крајот на првото полувреме резултатот гласеше 20:8.

Ако некој помисли дека Прилеп ќе застане во продолжение од средбата, со оглед на убедливата разлика, домшните продолжија со исто темпо и ритам и во второто полувреме, па така на крајот од средбата разликата беше + 22 голови во нивна корист.

Што се однесува до стрелците, Шабановиќ со седум гола беше најефикасен кај победничкиот состав, додека кај гостите Ончев и Трајчевски беа стрелци на по четири голови.

ПретходноПознати четвртфиналистите од Купот на ОФМ 2026 кај дамите
СледноВо пресрет на стартот на полусезоната: Скопје го претстави новиот дрес!(ФОТО)