Работнички лапна “седмица” за победа во Струмица

306

Конечно, по безброј што се вели обиди сезонава, тимот на Работнички може да се пофали со полн плен од едно гостување. „Романтичарите“ предмалку во Струмица со конечни 3:4 ја совладаа Брера и колку толку си ја поправија ситуацијата на табелата која што и натаму е многу лоша секако.

Гостите поведоа во петтата минута со голот на Џејсон Езеб по асистенцијата на Сухељ Мухарем, а израмни Миле Тодоров во 18.минута. Сепак, Езеб повторно го доведе Работнички во водство во 33.минута, што беше и резултат по првиот дел. На почетокот на вториот дел, уште два нови гола за Работнички со кои практично и го реши натпреварот.

Сухељ Мухарем во 51.минута одлично се снајде во петерецот на АП Брера и зголеми на 1-3, а веќе во следната акција погоди и Манојлов, откако излезе сам пред голманот Вргов и реализираше без проблем.

Миле Тодоров во 72.минута постигна втор гол за АП Брера, а до крајот струмичани иако напаѓаа, сепак, Фабрис Ондоа беше одличен на голот на Работнички.

Во судиското продолжение, Велков го постави конечниот резултат, 3-4.

ПретходноШансите на Карик да остане тренер на Јунајтед, се големи!
СледноМуарем: Ова е многу важна победа за Работнички