Сопругата на Расел Вестбрук, еден од најдоминантните НБА кошаркари во 21 век, доби шокантна, заканувачка порака од маж кој беше казнет „затоа што“ Вестбрук не успеа да го оствари потребниот учинок и да “ја премина линијата“.
Нина Вестбрук ја објави оваа заканувачка порака, сакајќи да фрли светлина врз „темната страна на спортот“ и брзото ширење на обложувањето.
Пораката гласеше вака:
“Вашиот бескорисен сопруг е ѓубре. Се надевам дека двајцата ќе загинете во сообраќајна несреќа“.
Сопругата на Вестбрук подоцна се огласи на социјалните мрежи за да истакне дека оваа порака е „нуспроизвод“ на културата на обложување, заклучувајќи дека таа „го вади најлошото кај луѓето“. Овој инцидент повторно ја разгоре дискусијата за границите меѓу навивачите, обложувачите и насилното однесување, бидејќи некои луѓе очигледно не разбираат дека професионалните спортисти имаат мала или никаква одговорност кон оние кои се обложуваат на нивните резултати.
Расел Вестбрук веќе се соочи со слична непријатност додека играше за Лос Анџелес Лејкерс, кога некои навивачи му даваа разни навредливи прекари. Во една прилика, тој изјави дека ова е причината зошто повеќе не ги носи своите деца на натпревари.










