Шампионот не знаеше за доста против Куманово! Радивојевиќ стрелец на 14 голови

92

Иако не минаа ни 24 часа од вчерашниот меч во Лигата на Шампионите против Висла Плоцк, попладнево Пелистер одново на терен и тоа во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, во меч од 22.коло во ракометната Суперлига. Јасно е дека битолчани победија, ама победија со неверојатни 19:43, инаку тие беа гости на овој меч, или со +24 голови разлика.

Ова беше нивна 18 победа во сезоната, па така и натаму се на второто место зад лидерот Вардар.

Најефикасен на мечот беш крилото на Пелистер, Богдан Радивојевиќ кој постигна 14 голови од 16 обиди, додека Павле Атанасијевиќ на крајот заврши со осум голови од осум обиди, Брестовац имаше 13 одбрани.

Јасно е дека тренерот Алушовски комбинираше со составот.

Кај поразениот тим најефикасен беше Вујицевски со 6 погодоци.

ПретходноЛиндзи Вон по петтата операција:„Тешко се издржува оваа болка!“
СледноУбави вести за Флик и Барса: Гави им се врати на тренинзите!(ВИДЕО)