Шансите на Карик да остане тренер на Јунајтед, се големи!

66
фото: Manchester Utd (X)

Мајкл Карик сега е фаворит да остане менаџер на Манчестер Јунајтед. Ова е логична последица од перформансите на „Црвените ѓаволи“ откако го презеде тимот. Карик започна со победи над Манчестер Сити и Арсенал, а под негово водство тимот забележа четири победи од пет натпревари. Раководството на клубот е импресионирано не само од резултатите и перформансите на Манчестер Јунајтед во овој период, туку и од одличната атмосфера создадена од тренерот.
Тренерот призна дека ова е неговата работа од соништата.

Навистина уживам во тоа, го сакам тоа што го правам. Имам среќа. Имам привилегија да бидам на оваа позиција. Го кажав тоа кога пристигнав – постои сентиментален елемент. Бидејќи сум бил низ клубот и го сакам, тоа е од една страна, но всушност сум тука за да работам и да го направам тимот успешен“, сподели Карик во интервју за Би-Би-Си.

Јас не одлучувам колку долго ќе останам, но додека сум тука ќе дадам сè од себе. Планирам долгорочно, но ова е за доброто на клубот.Верувам дека така треба да биде“, додаде тој.

ПретходноСака е најплатениот фудбалер во Арсенал, ама е далеку зад Халанд!
СледноРаботнички лапна “седмица” за победа во Струмица