Денеска веќе стартуваше редовното 19. коло од домашниот ПМФЛ шампионат со дуелот Брера – Работнички, на кој гостите триумфираа со 3:4, а од ФФМ предмалку ги објавија арбитрите на останатите дуели од ова коло.
Бењамин Керими ќе биде делител на правдата на утрешниот дуел на комплексот Петар Милошевски во Скопје, каде што Вардар ќе го дочека Башкими од 13:00 часот.
Од друга страна пак, во исто време но во Битола, Влатко Илиоски е главен судија на дуелот Пелистер – Струга ТЛ.
Стојанче Трпчевски во Кратово ќе ја дели правдата на дуелот Силекс – Шкендија в недела исто така од 13:00 часот. Александар Василевски е судијата на дуелот Шкупи – Арсими, додека пак в понеделник колото го затвораат Македонија ЃП и Тиквеш на кој што ќе суди Фуркан Идризи.















