Ермедин Адем: Работнички мора да почне да победува, и тоа веднаш!

75

Работнички е во незавидна ситуација на табелата и итно мора да почне да собира бодови доколку сака да го избегне најлошото, да испадне од елитната конкуренција. Во првите две кола тимот од Дебар Маало забележа два порази, но искусниот Ермедин Адем и соиграчите се надеваат дека мечот против АП Брера во Струмица може да биде пресвртница.

„Немаме избор, Работнички мора да почне да победува, и тоа веднаш. Свесни сме за тоа, и ќе сториме сѐ да почнеме да освојуваме бодови уште од денешниот натпревар со АП Брера. Тие се во позитивен налет, но ние конечно треба да го покажеме и на теренот квалитетот што го поседуваме и да стигнеме до победа. За нас секој натпревар до крајот на првенството ќе биде борба на сѐ или ништо“, порачува Ермедин Адем.

Работнички е претпоследен на табелата со само седум освоени бодови, додека АП Брера се наоѓа на шестото место со 23 бодови.

ПретходноНБА итно воведува 7 нови правила, ситуацијата е полоша од кога било
СледноАлушовски: Не сум задоволен од одбраната, бевме безидејни во нападот!