Карлос Алкараз се смета за тенисер кој ретко дозволува емоциите да го надвладеат, но за време на четвртфиналето на турнирот во Доха против Карен Качанов, тој покажа сосема поинаква страна.
Во центарот на расправијата, покрај младиот Шпанец, беше и еден од најпочитуваните судии Марија Чичак. Чичак го стартуваше часовникот за сервис, накратко го запре додека Алкараз го славеше поенот, но го вклучи повторно кога Шпанецот отиде да земе пешкир. Неколку изгубени секунди доведоа до предупредување за пречекорување на времето.
Алкараз сметаше дека не му е дадено доволно време да здивне, тврдејќи дека часовникот е активиран прерано.
– Не можам да го надоместам времето – мирно одговори Чичак, обидувајќи се да ја смири тензијата.
Сепак, тоа не го смири „Карлитос“. Откако отиде на клупата, камерите ја снимија неговата насилна реакција и бараж од пцовки, невообичаено за него.
– Правилата на АТП секогаш се ѓубре. Секогаш се ѓубре – луто рече Алкараз.
😡 Carlos Alcaraz, FURIOSO tras recibir una violación de tiempo.
🗣 “Las reglas de la ATP son una mierda, siempre son una mierda.” pic.twitter.com/NcFFvhTK3L
— Tiempo De Tenis (@Tiempodetenis1) February 19, 2026










