МКФ со висока казна за Пелистер за настаните во Куманово на Купот на Македонија!

154
Фото: КФСМ

КК Пелистер е санкциониран со високи казни од страна на Македонската кошаркарска Федерација за настаните во Куманово за време на Купот на Македонија кој се одржа минатата недела. Станува збор за четвртфиналениот меч со МКК Куманово, на кој имаше и инциденти на трибините, а потоа и повлекување на тимот од Битола од теренот.

Па така Пелистер е казнет со 60.000 денари за самоволно напуштање на теренот, а и 10.000 денари за јавните критики што битолчани ги упатија за судењето на судиската тројка. И тоа не е се, тренерот Даскаловски е казнет со 9.600 денари за двете технички грешки а Марјан Илиевски, кој беше во својство на службен претставник, е казнет со 3.200 денари.

Кошаркарот на Пелистер, Малешевиќ, е казнет со 20.000 денари откако бил пријавен од службени лица за своето однесување.

Со иста казна е санкциониран Џастин од ТФТ, кој исто така бил пријавен од судиите по полуфиналето со МКК Куманово.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ТРАВИЈАТА НА СЦЕНАТА НА НОБ
СледноПобеда дефинитивно ќе игра!!!