Хаос во Ниш: Прекинат мечот меѓу Партизан и Мега! (ВИДЕО)

408

Не може без хаос во Србија. Имено полуфиналниот натпревар од Купот „Радивој Кораќ“ помеѓу Мега и Партизан е прекинат поради навреди кон претседателот на КСС Небојша Човиќ.
На почетокот од последната четвртина, при водство на Мега од 61:47, тројцата судии ја прекинаа играта во салата „Чаир“ во Ниш поради постојаните навреди што ги слушаа од навивачите на Партизан, а тие се интензивираа од моментот на паузата.
По којзнае кој пат, нивна „мета“ беше Небојша Човиќ, некогаш лут ривал од црвено-белиот табор, а денес е и претседател на Кошаркарскиот сојуз.
Во моментот кога Мега постигна поени за +14, а Пењароја побара минута одмор, судијата го прекина дуелот поради скандирањето на дел од црно-белите навивачи.
Кошаркарот на Партизан, Аријан Лакиќ, потоа побара од навивачите фер и спортско навивање, но тоа не вредеше, навивачите на Партизан продолжија по својот пат, по што судиите го напуштија теренот.

Најново е тоа што треба да се испразни салата каде што се фановите на Партизан за да продолжи мечот.

Во видеото подолу можете да видите како навивачите реагираа на одлуката на судиите да го напуштат теренот и да се повлечат во соблекувалната.

ПретходноОва го има само на Балканот: Додека тимот игра натпревар, раководството именуваше нов тренер!
СледноСтрашна порака: “Се надевам дека ќе загинете во сообраќајна несреќа“!