ВМФЛ: Кикс на Брегалница, Охрид, Шкендија (А) и Скопје со победнички старт пролетва

628
ФОТО: FK Bregalnica/FB

Попладнево се одиграа сите осум средби од 16.коло или прво пролетно во ВМФЛ. Брегалница уште на стартот киксираше и тоа кај Кожув на гости и тоа со 2:0 за гевгеличани. Дополнителен проблем за тимот на Влатко Костов е тој што конкурентите славеа победи.

Охрид на гости кај Беласица победи со 0:1, Шкендија Арачиново како домаќин ја победи Преспа со 4:1, додека Скопје со 0:4 кај Слога Виница освои три големи бода во битката за врвот.

Во Прилеп се играше фудбал, Победа играше и беше поразена од Новаци со убедливи 0:5. Овој меч се одигра без публика.

Детонит го декласира Г.Коњари со 6:0, а Тетекс го победи Вардар Неготино со 2:0, и Осогово како домаќин успеа да победи со 1:0 против Саса.

Охрид со 39 бода и натаму е лидер, Шкендија Арачиново го следи со 38, Брегалница има 33 а Скопје 32…

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

Беласица – Охрид 0:1

Детонит – Г. Коњари 6:0

Кожув – Брегалница 2:0

Осогово – Саса 1:0

Победа – Новаци 0:5

Шкендија (А) – Преспа 4:1

Слога (В) – Скопје 0:4

Тетекс – Вардар (Н) 2:0

ПретходноПМФЛ: Булатовиќ го спаси Пелистер од пораз,Струга ТЛ и во третиот пролетен меч без победа! (ВИДЕО)
СледноОбјаснување за судиските одлуки и инцидентот во финишот на натпреварот Вардар – Башкими (ВИДЕО)