Компаоре: Ќе биде жестоко во Битола, но Струга ТЛ е подготвена за прва пролетна победа

54

Струга Трим Лум стартуваше со два порази во првите две кола од пролетниот дел и на денешниот дуел против Пелистер гледа можност за првите три бода во новиот циклус од сезоната.

Напаѓачот Басиру Компаре, кој беше еден од стрелците на последниот натпревар против Силекс (2-3), ја искажува решителноста на тимот во пресрет на мечот во Битола.

„Играме на гости против екипа која исто така го загуби последниот натпревар. Тоа значи дека нѐ очекува жесток натпревар. Можам да кажам дека како тим сме добро подготвени за оваа средба“, истакна Компаоре.

Напаѓачот од Буркина Фасо потенцира дека во Струга Трим Лум се работело на корекција на грешките, за да се стави крај на негативниот тренд во пролетниот дел од првенството.

„Ги загубивме првите две средби, но мислам дека сега ги коригиравме грешките. Стручниот штаб и играчите се максимално мотивирани да ја обезбедиме првата победа во пролетниот дел на сезоната. Тоа е многу важно за сите нас“, најавува напаѓачот на Струга Трим Лум.

ПретходноВознемирувачко видео од ЗОИ: Ова е една од најстрашните повреди (ВИДЕО)
СледноВардар домаќин на Башкими, Талески јасен: Сакаме „три од три“!