Крива Паланка преку Бадел 1862 до историско Куп финале

44

Екипата на Крива Паланка е вториот финалист на 34. издание од завршниот турнир „Блаагоја Георгиевски-Буштур“ во Македонска Каменица.

Во вториот полуфинален натпревар девојките од Крива Паланка беа многу подобри од својот голем ривал, екипата на Бадел 1862 со 81-45. Овој тим за прв пат од постоењето на клубот, утре вечер, од 18.часот, против домаќинот на собирот, Баскет Кам, ќе се боорат за првиот трофеј во ова натпреварување.

Крива Паланка одигра добро во првото полувреме, имаше позитива од 42-32. Во продолжение не му дозволи на противникот да приреди пресврт.

Робинсон со 26 поени беше лидер кај победникот, Алексовска застана на ефект од 17.поени. На другата страна Марија Николов постигна 14 поени.

ПретходноГРК Охрид со нов историски чекор – стави победнички печат на 1/4 финалето во ЕХФ Европскиот Куп
СледноДва гола уште на полувреме: Ристовски и Елези „бомбардираат“ (ВИДЕО)