МЗТ повторно славеше во Куманово, победи и за Маџари и Гостивар

73

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром за неполна недела и вторпат го совлада тимот на МКК Куманово. Откако минатата недела тоа го направи во финалето на Купот на Македонија, сега славеше во кумановската сала и во рамките на новото коло од домашното првенство.

Момците на Васко Атанасов вечерва го победија Куманово со 56:72 со што ја запишаа и 15-тата победа сезонава со што се преселија на врвот на табелата, барем до крајот на вечерашниот дуел меѓу ТФТ о Феникс 2010. Аеродромци беа подобри во скоро сите четвртини и на крајот дојдоа до рутински триумф.

МекКаден со 14 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, додека кај Кумановци Луковиќ постигна 18.

Голема победа остварија кошаркарите на Гостивар на домашен терен против Работнички. Иако скопскиот состав имаше предност во добар дел од мечот, финалната четвртина ја добија домашните и стигнаа до триумф од 68:66. Црниќ со 19 и Младеновиќ со 18 поеби ги предводена гостиварци, додека кај Работнички Рикиќ запиша 21 поен.

Гостинска победа вечерва забележаа кошаркарите на Маџари, кои го победија Тиквеш во Кавадарци со 81:91. Гостите тргнаа одлично добивајќи ја првата четвртина со +13, а потоа Тиквеш се врати со одлична втора четвртина и намали на минус 2. Вториот дел комплетно им припадна на гостите.

Армстронг постигна 28 поени кај Маџари, додека Грин имаше 24. Кај домашните Мајнси заврши на 27 поени.

ПретходноДва гола уште на полувреме: Ристовски и Елези „бомбардираат“ (ВИДЕО)
СледноФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу