Се активира прашањето за враќање на СЕХА-лига

264

На иницијатива на ЕХФ, предводена од Предраг Бошковиќ во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.

На состанокот беше присутен и претседателот на РФМ, Александар Стефанов, а на истиот беа резгледани неколку теми:

– Формирање регионални машки и женски лиги за клубови
– Можност за старт на женска регионална лига од септември 2026
– Машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата
– Предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони
– Иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални
– Формирање регионална кадетска лига за репрезентации
– Овие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.

ПретходноКУП 2026 – ЖЕНИ: Баскет кам во финалето, по шести пат по ред
СледноПелистер 2 ја заврши задачата, чека кикс на Бутел Скопје