Вардар домаќин на Башкими, Талески јасен: Сакаме „три од три“!

73

Денеска актуелниот есенски шампион во ПМФЛ шампионатот, тимот на Вардар, во рамките од 19. Коло на комплексот Петар Милошевски во Скопје до 13 часот како домаќин ќе го пречека тимот на Башкими.

По двете стартни победи пролетва, против Арсими односно Работнички, Вардар посакува и трета радост. Секако тоа, мора да се заработи на терен, со добра игра, ефикасност и цврстина во одбраната онака како што беше и во претходните две кола.

Вардар е ефикасен пролетва. Постигна осум гола, а прими само еден во два дуела.

„Се соочуваме со екипата на Вардар, која моментално е лидер на табелата во Првата лига. Можам да кажам дека доста добро го започнавме пролетниот дел од сезоната. Затоа, ќе го дадеме нашиот максимум, па нека победи екипата што ќе биде подобра на овој натпревар,“ изјави меѓу другото Личина.

ПретходноКомпаоре: Ќе биде жестоко во Битола, но Струга ТЛ е подготвена за прва пролетна победа
СледноДождот прави хаос и затоа “виси“ дербито во Кратово!?