Попладнево се одиграа сите осум средби од 16.коло или прво пролетно во ВМФЛ. Брегалница уште на стартот киксираше и тоа кај Кожув на гости и тоа со 2:0 за гевгеличани. Дополнителен проблем за тимот на Влатко Костов е тој што конкурентите славеа победи.
Охрид на гости кај Беласица победи со 0:1, Шкендија Арачиново како домаќин ја победи Преспа со 4:1, додека Скопје со 0:4 кај Слога Виница освои три големи бода во битката за врвот.
Во Прилеп се играше фудбал, Победа играше и беше поразена од Новаци со убедливи 0:5. Овој меч се одигра без публика.
Детонит го декласира Г.Коњари со 6:0, а Тетекс го победи Вардар Неготино со 2:0, и Осогово како домаќин успеа да победи со 1:0 против Саса.
Охрид со 39 бода и натаму е лидер, Шкендија Арачиново го следи со 38, Брегалница има 33 а Скопје 32…
РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО
Беласица – Охрид 0:1
Детонит – Г. Коњари 6:0
Кожув – Брегалница 2:0
Осогово – Саса 1:0
Победа – Новаци 0:5
Шкендија (А) – Преспа 4:1
Слога (В) – Скопје 0:4
Тетекс – Вардар (Н) 2:0










