ГРК Охрид по печат на 1/4 финале во ЕХФ Европскиот Куп

33

ГРК Охрид денеска го игра реванш мечот против Дукла Прага во рамките на осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп, дуелот стартува во 18 часот. Првата средба заврши со убедлива победа на македонскиот тим од 21-30.

Според играта од првиот натпревар, ГРК Охрид не би требало да има тешка задача на денешното гостување, рутински треба да го реши дуелот и да испише нова историска страница со пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, кој минатата година го освои Алкалоид.

„Ни следи реванш натпреварот против Дукла. Првиот натпревар го добивме со девет голови разлика. Можеби на моменти имавме и повисока предност, меѓутоа ете еден мал пад во финишот на натпреварот. Ова е нов натпревар, треба да одиме во Дукла да одиграме еден квалитетен натпревар, да дадеме максимум. Се подготвуваме најдобро што можеме, да одиме и таму да победиме. Дукла Прага се покажа како борбена екипа и сигурно дека не очекува еден тежок натпревар. Мислам дека треба да одиме со ладни глави, да не размислуваме на гол разликата, да го покажаме квалитетот кој го имаме. И мислам ќе се пласираме во следна фаза“, изјави капитенот на ГРК Охрид Гоце Ојлески.

ПретходноДерби во Автокоманда + две битки за место во плеј-оф!
СледноСензационално: Матераци ќе игра за Србија!