Фантастична голгетерска вечер за македонските интернационалци и репрезентативци во дресот на Сараево. Стефан Ристовски и Агон Елези беа стрелци на двата гола за сараевските „бордо“ момци кои по првото полувреме на мечот против Посушје од 22. коло на босанскиот шампионат, водат со 2:0.
Ристовски со погодок со глава го отвори резултатот уште во 15. минута, а Елези погоди за 2:0 во 33. минута од натпреварот.
За Ристовски ова веше втор гол оваа сезона во дресот на Сараево, додека Елези го запиша својот петти погодок за „бордо“ тимот.
— FKS Insider (backup) (@FKSIbackup) February 21, 2026
— FKS Insider (backup) (@FKSIbackup) February 21, 2026










