„Делегацијата“ на Башкими ДИВЕЕШЕ по мечот со Вардар…нападнати Бобан Николов, полицијата…. (ВИДЕО)

2183

Денешниот дуел од 19. коло во ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Вардар и Башкими одигран на комплексот Петар Милошевски во Скопје кој заврши со победа на домаќинот од 1:0, имаше ужасен финиш и катастрофално „трето“ полувреме.
Не од спортски аспект, како што сите би посакувале, туку од оној најнеомилениот, насилничкиот, одвратниот, од оној што на сите ни се гади.

Спорната ситуација во финишот на мечот, која што патем од страна на ФФМ веднаш по мечот беше објаснета и прецизирана што точно се случило, беше повод гостинскиот тим, односно поединци од него, најпрво да го нападнат домашниот играч Бобан Николов, вербално на што тој и самиот реагираше по што настана десетминутен прекин.
Дуелот се доигра во мирна атмофера, а потоа истиот имаше и „продолжение“. Не на терен туку на паркингот пред комплексот.

Гостинскиот табор, очигледно не можејќи да се помири што на терен не успеа да обезбеди бодови, со цела сила сакаше да се пресмета ама буквално со секој присутен. Со домашни играчи, во кој повторно вербално беше нападнат Бобан Николов, со полицијата, која што беше присатна во голем број, едноставно не се бираше ниту метата ниту пак средствата.

Видеото со кое дојде Спортспорт, е еклатантен пример за тоа како некој може ама без никаква причина да си земе за слобода и да се однесува најдивјачки и најнецивилизирано до крајни размери. Со што заслужи Вардар ваков однос од гостинот? Со ништо. Црвениот картон на Реџеп Мурати има објаснување. Дефанзивецот на Башкими плукна кон главниот судија Ќерими па доби исклучување. Конечно и да бил картонот погрешно даден? Што треба да се случи? Прекин, инцидент, дивеење, тепачки. Добро бе луѓе каде го гледате тоа во 2026 година па сметате дека така треба? Каде? Каде на светот во прволигашка фудбалска конкуренција, некој се осмелува да нападне физички домашен играч, екипа, клуб? Полиција?

Вака повеќе не смее…

http://youtube.com/shorts/lEhs3UX4xwM?si=q_fg2Rkv_jgVbpfr

ПретходноЕврогол на Стоилов за победа на Билис против Влазнија (ВИДЕО)
СледноБаерн подобар од Ајнтрахт, Баер со пораз во Берлин