Дерби во Автокоманда + две битки за место во плеј-оф!

100

Денеска се играат три натпревари од последното коло во Супер-лигата. Во центар на внимание е дербито во Автокоманда помеѓу Алкалоид и Вардар 1961, кој е закажан со почеток во 19:30 часот. Двата тима кои се дел од патниците во плеј-офот.

„Црвено-црните“ во овој дуел влегуваат после слабото издание против Бенфика во првиот меч од главната рунда во Европската лига. Тие се лидери на табелата и тоа нема да се промени без разлика на крајниот исход.

Што се однесува до избраниците на Кирил Лазаров, тие се на третото место на табелата, го делат со ГРК Охрид. За Алкалоид победите против Вардар 1961 не се непознати особено кога станува збор за пресметките на домашен терен, последниот меч заврши без победник (минатата сезон), а претходно запиша и победа. Па нема да биде изненадување доколку далеку помладиот тим на Лазаров, составен од македонски ракометари да приреди драма против искусниот Вардар 1961, кој е креиран за европски мечеви и со плејада на странски имиња.

Во центарот на вниманието денеска ќе биде и пресметката меѓу Бутел Скопје и Тиквеш, домашниот тим мора да дојде до бодови доколку сака да се најде на списокот од шест екипи кои ќе играат во плеј-офот, нешто што Тиквеш веќе го обезбеди. Мечот е закажан со почеток во 18 часот.

Пред овие две средби, Пелистер 2 го пречекува составот на Струга и исто, еднакво има шанси за плеј-оф. Битолчани прво ќе мора да дојдат до два бода на оваа средба, а потоа да чекаат исход од дуелот меѓу Бутел Скопје и Тиквеш, тука ќе им треба пораз на домаќинот. Овој натпревар се игра со почеток во 16 часот.

ПретходноНови детали околу Зинедин Зидан и Франција
СледноГРК Охрид по печат на 1/4 финале во ЕХФ Европскиот Куп