Лазаров: Немаше да биде незаслужено и ние да победевме

259

Предводникот на Алкалоид, Кире Лазаров, по мечот со Вардар денеска, изјави дека немаше да биде незаслужено, ако резултатот на крајот на мечот беше во полза на неговата екипа.

„Немаше да биде незаслужено ако победевме и ние. Во еден момент имавме два гола разлика, но ни се повреди нашиот капитен, кој одлично ја менаџираше играта во нападот дотогаш. Во одбраната примавме многу голови од пасивна игра. Се играше споро, впрочем и резултатот го кажува тоа. Вардар е квалитетна екипа, а нам малку ни фалеше да стигнеме до позитивен резултат. Ќе анализираме добро, бевме многу блиску во одлучувачките моменти можеби ни фалеше добра организација баш во тие моменти. Ситуацијата со Ѓоргиев не ми е делува дека сè е во ред. Ќе видиме“, рече Лазаров.

ПретходноРеакција на Башкими: Се повлековме поради националистички скандирања
СледноПелистер Волеј со голема победа над Работнички