Новак не го заборави Синиша! (ФОТО)

63
ФОТО:facebook.com/AustralianOpen

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, посвети објава на своите социјални мрежи на легендарниот Синиша Михајловиќ, кој вчера ќе го прославеше својот 57-ми роденден. Многу познати спортисти ширум светот му оддадоа почит на „Гранде Миха“ кој нè напушти на 16 декември 2022 година кога ја загуби битката со леукемијата.
Новак сподели фотографија од Синиша од периодот кога седеше на клупата на Милан, клуб за кој навива. Ѓоковиќ ја покажа својата човечност во најтешките моменти за Синиша и неговото семејство кога го посети во болница. Српскиот ас беше во Торино каде што играше на Завршниот Мастерс и реши на овој начин да му пружи поддршка и утеха.
Во тоа време, Синиша сè уште се надеваше дека ќе се опорави, но за жал, подоцна се појавија компликации. Оваа средба стана позната многу подоцна кога италијанските медиуми пишуваа за неа, како и членовите на семејството на Миха.
Image

ПретходноЦветковиќ за три од три на Вардар пролетва (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Булатовиќ го спаси Пелистер од пораз,Струга ТЛ и во третиот пролетен меч без победа! (ВИДЕО)