РК Бутел и дефинитивно во суперлигашкиот плеј – оф

41
фото: RK Butel Skopje (FB)

Екипата на РК Бутел попладнево не дозволи никакво изненадување и успеа на свој терен да го совлада тимот на Тиквеш со  33-25 и на тој начин по осми пат во серија да обезбеди пласман во плеј офо од домашниот суперлигашки плеј оф.

Ракометарите на стратегот Горан Кузмановски денеска го покажаа квалитетот и против реално послабата екипа обезбедија планирана победа.

Уште од самиот старт на мечот и првичните 6:1, стана јасно во која насока ќе оди мечот. На полувреме се замина со 17:11, а потоа кавадарчани нешто и намалија од домашното водство.

Иако домаќинот остана без Дејан Михајловиќ кој што доби црвен картон, сепак Бутел рутински дојде до посакуваната цел.

По овој меч познати се сите патници во плеј-офот – Еурофарм Пелистер, Вардар, Охрид, Бутел Скопје, Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда.

ПретходноБарнли му зеде бод на Челзи
СледноУЕФА ја казни Барса, а Флик го предупреди!