Чупиќ: Одбраната ја донесе победата, ова беше вистинскиот Вардар

187

По денешната победа во Автокоманда над силниот ривал Алкалоид, тренерот на Вардар, Иван Чупиќ, задоволен од прикажаното ја пофали играта на своите момци.

„Задоволен сум. Кога ќе ги освоиш бодовите на дерби против многу добар противник и тоа на гостински терен, не можеш да бидеш незадоволен. Тешка недела е зад нас, после Бенфика и долгото патување, дојдовме практично без тренинг. Знаевме што не очекува. Морам да им се заблагодарам на сите играчи, денеска навистина го видовме вистинскиот Вардар. Одигравме како тим, не беше некој убав ракомет, но ете, за малку бевме подобри од Алкалоид“, вели предводникот на „црвено-црните“.

Според Чупиќ, денеска клучен дел од играта беше одбраната.

„Одбраната денеска беше клучна. Дисциплината во игра во одбрана одличи. бевме подготвени да играме ако требаи по 5 минути во одбрана. Нападот можеби не беше на нашето ниво, но затоа надоместивме во одбрана“, заклучи тренерот на Вардар.

ПретходноИнтер „гази“ во Серија А, нова победа над Лече (ВИДЕО)
СледноРеакција на Башкими: Се повлековме поради националистички скандирања