ВМФЛ: Жестока битка за пласман во елитата, пет екипи директно испаѓаат! А, Победа?!

274
ФОТО: ГФК Охрид Лихнидос/FB

Денеска со мечевите од 16.коло (14 часот) стартува втората полуетапа или пролетен дел од тековната сезона во ВМФЛ. Полусезона која ќе биде запаметена по многу работи. Како прво што со Победа, дали ќе ја доигра сезоната?!

Потоа за тоа која екипа ќе го освои првото место и со тоа директно ќе се пласира во ПМФЛ. Колку за потсетување, првопласираната оди директно во елитата, втората и петтата, како и третата и четвртата играат бараж меѓусебе па победниците ќе играат баражи со осмиот и деветтиот во ПМФЛ за влез во елитата. Ова делува по малку замрсено, ама како што одминува времето, ќе стане појасно.

Што се однесува до опстанокот, тука од 9. до11.место, значи три екипи ќе играат баражи со победниците од третите лиги. Додека оние екипи кои ќе се пласираат од 12. па до 16.место, значи пет екипи, директно испаѓаат. Ова е поради фактот дека ВМФЛ и тоа како ќе се намали.

Охрид како лидер пролетниот дел ќе го започне кај Беласица, Шкендија (А) дома игра со Преспа, додека Брегалница има тешко гостување кај Кожув.

Кога ќе се погледне табелата и ако се знае дека дури и петопласираниот може следната сезона да игра во елитата, тогаш јасно е дека од првиот Охрид па се до седмиот Детонит, секој си ја гледа својата шанса.

ДВОЈКИ ЗА 16.КОЛО – ДЕНЕСКА (14 Ч)

Тетекс – Вардар (Н)

Кожув – Брегалница

Победа – Новаци

Осогово – Саса

Шкендија (А) – Преспа

Беласица – Охрид

Слога (В) – Скопје

Детонит – Г. Коњари

ТАБЕЛА

1.Охрид 36, 2.Шкендија (А) 35, 3.Брегалница 33, 4.Беласица 31, 5.Скопје 29, 6.Новаци 27, 7.Детонит 26, 8.Осогово 24, 9.Кожув 22, 10.Саса 17, 11. Тетекс 17, 12.Вардар (Н) 13.Победа 11, 14.Преспа 9, 15. Слога (В) 7, 16.Г. Коњари 3.

ПретходноЕден од најубавите сезонава во хрватскиот шампионат: Фантастичен гол на Жута! (ВИДЕО)
СледноБалканските „машини“ ги полнеа кошевите во НБА (ВИДЕО)