Вознемирувачко видео од ЗОИ: Ова е една од најстрашните повреди (ВИДЕО)

314

На овогодинешните Зимски олимписки игри бевме сведоци на ужасни сцени.

Повредата на Линдзи Вон ја остави планетата во неверица, но таа беше далеку од единствената што помина лошо. За жал гледавме повеќе ужасни ситуации кои го загрозуваа животот отколку спортски настани, а во брзото лизгање, за време на трката на 1.500 метри за жени, ја видовме можеби најлошата ситуација од сите.

Полската лизгачка Камила Селијер беше удрена во лицето со лизгалка за време на трката, а потоа падна со крвава глава и удри во заштитниот ѕид. Видеото е навистина вознемирувачко.

Медицинскиот тим брзо влезе за да го запре крварењето, и за среќа Камила не беше удрена во окото, бидејќи дефинитивно ќе ја убиеше. И вака помина катастрофално, а нејзината состојба ќе се знае по дополнителни прегледи.

Еве видео од оваа ситуација со напомена дека е многу вознемирувачка и не е за оние со слаб стомак!

ПретходноКлоп има една голема желба, ама таа не е Реал Мадрид!
СледноКомпаоре: Ќе биде жестоко во Битола, но Струга ТЛ е подготвена за прва пролетна победа