Дождот прави хаос и затоа “виси“ дербито во Кратово!?

240

Лошата состојба на теренот на стадионот во Кратово е причина за аларм кај Силекс и во натпреварувачката комисија на ФФМ од каде се очекува во текот на денов да пресечат дали утре ќе има дерби? Силекс бара натпреварот со Шкендија да се игра на друг стадион со оглед на тоа дека нивниот терен во изминативе неколку месеци не ги задоволува поребите за одигрување на „здрав“ првенствен меч.

Како што дознаваме веќе вчера почнале да се бараат алтернативи за утрешниот меч кој треба и е закажан да се игра во Кратово. Јасно е дека Вардар и Работнички за да не плаќаат скапи суми на Арената “Тодор Проески“, се почесто го користат стадионот на ФФМ кој сега е зафатен. Другите терени каде што има ВАР услови исто така се зафатени па така останува отворена опцијата која можеби е и најдобра, а таа гласи: Силекс да ја пречека Шкендија на нашиот најголем стадион во Скопје, а притоа Вардар со Башкими денеска се игра на ФФМ.

Теренот во Кратово се сеќавате на што личеше на дуелот со Арсими во декември, а ништо подобар не беше и на стартот од пролетниот дел од сезоната и средбата со Башкими. Силекс е тој кој бара алтернативи затоа што на таков терен тимот на тренерот Васоски игра многу слабо. На двата споменати меча освоија само бод, а победија каде што имаа подобри услови за игра и тоа на гостувањето кај Струга Трим Лум.

И дополнителен проблем е тоа што и Куп натпреварот со Детонит треба да се игра во Кратово за што бараат од таборот на гостите кои немаат стадион кој исполнува услови за ВАР техноилогија.

ПретходноВардар домаќин на Башкими, Талески јасен: Сакаме „три од три“!
СледноВо Македонска Каменица стартува женскиот Куп на Македонија