Историја: Клебо и со шести златен медал на ЗОИ! (ФОТО)

48
фото: Milano Cortina 2026 @milanocortina26 (X)

Јоханес Хефслот Клебо го напиша своето име со златни букви по 6-ти пат на Олимписките игри во Милано – Кортина! „Летечкиот“ Норвежанецот освои цел сет од 6 златни медали на Игрите во Италија.
Клебо ја освои и последната дисциплина во крос-кантри скијање – 50 км класичен стил, откако претходно триумфираше во првите 5 дисциплини во Милано – Кортина.


29-годишниот Клебо веќе има 11 олимписки титули зад себе, продолжувајќи да го надополнува својот список на најголеми спортисти што некогаш се натпреварувале на Зимските олимписки игри.

Со ова шесто злато, Клебо го урна рекордот на Ерик Хајден кој досега имаше пет злата на една Олимпијада и тоа во брзо лизгање.

ПретходноСензационално: Матераци ќе игра за Србија!
СледноПолувреме ПМФЛ: Цветковиќ одново „стрела“ за Вардар и водство над Башкими