Конечно убава вест од Прилеп: Победа ИГРА!

339

И дефинитивно и конечно убава вест од Прилеп. Сега веќе нема дилеми. Победа ИГРА! Имено мечот со Новаци од 16.коло во ВМФЛ започна на Градскиот стадион под “Маркови Кули“, а тоа значи дека во Победа се изнајде решение и дека нема да има згаснување на клубот, како што беше најавено минатата недела. Тоа беше вест која просто ја шокираше фудбалска Македонија.

Зарем беше можно најфудбалскиот град во Македонија да остане без својата гордост, без својата Победа која пред две децении во два наврати беше шампион на Македонија, го освојуваше и Купот, а играше и редовно во Европа.

Сепак тоа се само далечни минати времиња, сега најважно е што Победа го избегна најлошото и дека го почна мечот со Новаци.

Јасно е дека секој вистински фудбалски фан во Македонија посакува овој некогашен гигант да се врати таму каде што и му местото.

Инаку денешниот меч со Новаци се игра без присуство на публика поради казна.

ПретходноПолувреме ПМФЛ: Цветковиќ одново „стрела“ за Вардар и водство над Башкими
СледноПресврт: Престијани призна, ама цехот ќе го платат Винисиус и Мбапе!