Манчестер Сити дојде на само два бода од Арсенал во трката за првото место на табелата во премиер лигата. Вечерва на домашен терен момците на Пеп Гвардиола со 2:1 го совладаа Њукасл и успеаја да се доближат до „топчиите“ кои ја прокоцкаа големата предност во последните неколку кола.
Јерој на „граѓаните“ вечерва беше младиот 20-годишен играч за врска О’Рајли кој ги постигна и двата гола за победата на домашните. Најпрво Нико погоди во 14 минута за 1:0, а потоа и во 27. минута за 2:1.
Њукасл успеа со голот на Хол да израмни на 1:1 во 22 минута, но до крајот на мечот не успеа да искористи уште некој од шансите за израмнување.










