Вардар 1961 го доби дербито против Алкалоид со 25-28 во последното коло од Супер-лигата. Избраниците на Иван Чупиќ имаа пеколно тешка задача, младиот состав на Кирил Лазаров беше тврд орев против европски Вардар 1961, кој пак во самиот финиш успеа да се избори за победа.
Фановите на гостинскиот тим беа на трибините во Автокоманда, побараа од своите миленици титула, овации имаше за Милан Лазаревски, кој на стартот на вториот дел од сезоната се врати на терените после повредата, се скандираше и името на Иван Чупиќ.
Како ќе изгледа распоредот во плеј-офот ќе биде познато веќе утре, најдоцна до понеделник. Вардар 1961 овој дел од завршува само со еден пораз и 21 победа, најава дека за враќање на тронот, но патот допрва ќе биде тежок бидејќи следи вистинската битка, а таму ќе треба да војува со Пелистер, ГРК Охрид и Алкалоид, три тима кои се еднакво квалитетни. Во друштвото на шесторката минимално изненадување може да се очекува од Тиквеш и Бутел Скопје.










