Пелистер 2 дојде до планираните два бода на дуелот против Струга, откако на домашен терен славеше со 39-23 во последниот меч од Супер-лигата. Вториот битолски тим го заврши првиот дел од задачата за пласман во плеј-офот, но сега ќе мора да чека на кикс на Бутел Скопје против Тиквеш. Само на овој начин ќе може да се најде првите шест екипи.
Битолчани победа ја најавија во првото полувреме по кое имаа позитива од 17-11, до крајот доминираа на теренот, потврдувајќи ја улогата на фаворит.
Марковски беше стрелец на 13 гола, зад него беше Митревски со 8, додека Јовановски имаше 10 одбрани. На другата страна Костов беше стрелец на девет погодоци.










