Пелистер Волеј со голема победа над Работнички

52
фото: OK Pelister Volej (FB)/Bitiolanews

Одбојкарките на Пелистер Волеј го направија најпријатното изненадување во рамките на 14. коло во Првата одбојкарска лига за жени. Денеска во Битола, Пелистер Волеј славеше во четири сета над екипата на Работнички и ја запиша шестата победа оваа сезона.

Вечерва и екипата на Газели Волеј обезбеди важна победа над Фит Фан Волеј со 3:1.

Во дербито на колото пред два дена во Скопје, екипата на Наковски Волеј со 3:1 славеше над шампионот Јанта Волеј со што ја продолжи победничката серија.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ – 14. КОЛО

Јанта волеј КВ – Наковски волеј               1:3 

Ускана – Младост УГД   0:3     

Пелистер волеј – Работнички Скопје    3:1

Вардар ЕМ – Струмица жени     3:0 

Газели волеј – Фит фан волеј                    3:1

ТАБЕЛА: 1. Наковски В. (41), 2. Работнички (32), 3. Младост УГД (31), 4. Јанта Волеј КВ (29), 5. Газели Волеј (26), 6. Пелистер Волеј (19), 7. Вардар ЕМ (15), 8. Струмица (10), 9. Фит Фан Волеј (7), 10. Ускана (-1).

ПретходноЛазаров: Немаше да биде незаслужено и ние да победевме
СледноРоналдо со нов гол, веќе има 500 гола откако наполни 30 години