Реакција на Башкими: Се повлековме поради националистички скандирања

550

По случувањата на денешниот натпревар со Вардар во Скопје, вечерва со официјално соопштение се огласи и екипатана Башкими. Истото го пренесуваме во целост:

„Клубот ФК Башкими 1947 ја информира јавноста и медиумите дека на денешниот натпревар против ФК Вардар, во последните минути од средбата, навивачите на домаќинот започнаа со навреди по национална база, користејќи неприфатливи повици како: „Добар Албанец, мртов Албанец“.

Овие повици беа повторени неколкупати, создавајќи тензична и неприфатлива атмосфера. Напротив, немаше соодветна реакција од делегатот на натпреварот и судијата сè додека фудбалерот на нашиот клуб не беше принуден да интервенира и привремено да го отстрани тимот од теренот.

Посочуваме дека ова беше единствената причина тимот да се повлече од теренот на неколку минути.

Клубот бара од Фудбалската федерација на Македонија да преземе итни и соодветни мерки против овој инцидент, за ваквите случаи да не се повторуваат.

ФК Башкими 1947 се покажа како еден од најкоректните и најпочитуваните домаќини во македонскиот фудбал. Стоп за национализмот во фудбалот.“

ПретходноЧупиќ: Одбраната ја донесе победата, ова беше вистинскиот Вардар
СледноЛазаров: Немаше да биде незаслужено и ние да победевме