Цветковиќ за три од три на Вардар пролетва (ВИДЕО)

183

Есенскиот ПМФЛ шампион, екипата на Вардар и пролетва по три одиграни кола и натаму е лидер на табелата. Денеска „црвено – црните“ на домашен терен на комплексот Петар Милошевски во Скопје, го совладаа Башкими со минимални 1:0 со голот на Стефан Цветковиќ кој пролетва се покажа како вистинско засилување за Вардар

Вардар добро го започна овој дуел со гол кој што беше поништен поради офсајд по само две минути игра. Од друга страна пак, Башикими покажа дека не е дојден само да се брани во Скопје, туку и дека има план преку контра напади да нападне. По шансите на Омерагиќ, Данев, Закариќ, Башими имаше два обида кои лесно можеа да бидат реализирани во стопроцентни шанси. Дарко Велковски ја осуети едната со супер интервенција, а во втората самите напаѓачи на кумановци не беа на висин а на задачата.
Во последната минута од првото првото полувреме супер засилувањето за пролетва на Вардар Стефан Цветковиќ уште еднаш погоди во серија и му донесе водство на домаќинот пред паузата.

 

 

 

Тодоровски со дирек, Јашар спречи двојно домашно водство

Во вториот дел, Вардар повторно офанзивен, со серија на напади, удари шанси. Димитар Тодоровски искористи една одбиена топка на работ на шеснаесетникот, и шутираше со својата шпосилна лева нога. Јашар остана закован за гол линијата, а топката наместо во мрежа удри во дирекот и се одби во поле.

Следуваше супер ударот на Азер Омерагиќ со глава, кој што го осуети со уште подобра интервенција голманот на Башкими, Амир Јашар.

До крајот освен слободниот удар на Башкими немаше некоја посериозна шанса на двете страни.

Вардар е прв со 51 бод по 19. одиграни кола.

 

 

ПретходноПолувреме: Струга ТЛ со неколку шанси, ама само со водство од 0:1 во Битола!
СледноНовак не го заборави Синиша! (ФОТО)