Баскет Кам по четвртипат го освои Купот на Македонија

59
фото: Кошаркарска федерација на Македонија (FB)

По четврти пат во историјата, кошаркарките на Баскет Кам го освоија Купот на Македонија во кошарка, кој го носи името на „Благоја Георгиевски – Буштур“. Во финалниот меч на завршниот турнир во Македонска Каменица, кошаркарките на Баскет Кам го совладаа тимот на Крива Паланка со 74:68 и успеаја да се вратат со трофејот од ова натпреварување, кој минатата сезона го освои екипата на Вардар.

Во финалето видовме одлична кошарка, иако Баскет Кам се чини разликата за победа ја креираше уште во првите 20 минути. Крива Паланка се обиде да се врати во игра во вториот дел, но иако ги доби двете финални четвртини не успеа да ја надомести негативата.

Кметовска со 24 поени и 9 скока беше најдобра поединка во составот на Баскет Кам, каде димова и Поп-Димитровска постигнаа по 16 поени. Во редовите на Крива Паланка, извонредно израние имаше Робинсон со 30 поени, 5 скока и две асистенции.

ПретходноБлескаа Ѓокереш и Езе: Арсенал му покажа на Тотенхем кој е “главен“!
СледноПарма ја прекина непобедливата серија на Милан и им ги закопа надежите за Скудето