Поради немање на ВАР систем услови на стадионот каде што ги игра домашните мечеви тимот на Шкендија Арачиново, дуелот од Купот на Македонија против Работнички како домаќин овој клуб ќе го одигра во Куманово. На стадионот на Башкими.
Оваа одлука и официјално ја пренесе второлигашот Шкендија Арачиново, со благодарност до ФК Башкими за овозможената организација на дуелот на нивен терен.
Мечот е дел од 1/4 финалето на Купот на Македонија, а е закажан да се игра на 24.02.2026 година во 14:00 часот.
Од друга страна пак, мечот помеѓу Струга ТЛ и Шкендија е закажан да се игра на 18.03.2026 година во 14:30 часот. Веќе од претходно е договорено Детонит и Силекс својот пак дуел да го одиграа во Кратово на 25.02.2026 во 14:00 часот.









