Мечевите во Премиер лигата ќе имаат паузи за Рамазан

70

Раководството на Премиер лигата, донесе одлука мечевите кои што се играат за време на муслиманскиот празник Рамазан, да имаат прекини со намера фудбалерите муслимани, да можат да имаат оброк.

Овој потег ќе биде актуелен од старт, затоа што месецот на Рамазан туку што започна.

Со оглед на фактот што сонцето на Островот, преиодов ќе запоѓа помеѓу 17:00 и 19:00 часот, паузите се можни само во вечерните термини на мечеви. Поточно во саботните термини од 17:30 односно в недела од 16:30.

Оваа пракса е востановена уште од 2021 година.

 

ПретходноЗејнулаи и Шкендија го „расплакаа“ Кратово (ВИДЕО)
СледноНиколо Ровела со долга пауза пред него