Стојчевски ќе му суди на Реал Мадрид!

670

Македонскиот судија Игор Стојчевски доби задача да го суди натпреварот меѓу младите фудбалери на Реал Мадрид и Челзи во рамките на осминафиналето од Младинската Лига на УЕФА.

Стојчевски е делегиран за мечот кој е закажан во вторник со почеток од 16 часот, а ќе се одигра на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид. Заедно со Стојчевски како главен судија, како негови помошници ќе бидат Вјолца Изеири и Филип Ицковски.

 

ПретходноПарма ја прекина непобедливата серија на Милан и им ги закопа надежите за Скудето
СледноИвана Кметовска е најкорисниот играч на финалниот турнир