Ако Шошкиќ продлжи да блеска ќе влезе во друштво на Реџи Милер, Стеф Кари, Лери Бирд…

257

Македонскиот репрезентативец, Андреј Шошкиќ не само што продолжува со одличните игри во дресот на Стони Брук, туку се најде на чекор да влезе во друштво на легенди како Лери Бирд, Реџи Милер, Стеф Кари, Ајзеа Вилијамс…

Шошкиќ на три кола пред крајот на ЦАА-лигата. На три кола пред крајот на првиот дел од сезоната, има високи бројки на реализација: 51,4% д игра, 47% за три поени и дури 95% од линијта за слободни фрлања.

Овие бројки во историјата на ова натпреварувње ги имале токму легендарните американски кошаркари. Последен пат кој успеа да дојде до ова остварување е Треј Марфи во сезоната 2020/21.

Инаку неговиот тим вчера го победи Хемптон со 79-71, а нашиот кошаркар беше креатор на 14 поени и три украдени топки.

ПретходноКУП 2026-ЖЕНИ: Четвртти трофеј за Баскет кам или прв за Крива Паланка?
СледноРакометниот караван продолжи во Богданци