И покрал лошата состојба на теренот во Кратово, денешното дерби од 19. коло од ПМФЛ шампионатот, помеѓу Силекс и Шкендија дефинтивно се игра според планираното.
Со почеток од 13:00 часот, Силекс и Шкендија ќе го одиграат својот меч во услови кои секако не се најидеалните. Фактот што кратовци како домаќини не успеаа да најдат алтернатива за теренот, а беше опција дури и Арената во Скопје, го постави мечот да се игра под моменталните услови.
Како втор клучен фактор беше и оној кој што вели дека Шкендија како учесник сеуште во Европа не сакаше евентуално одложување на дуелот, и инсистираше на играње во овој термин.















