Далиќ по Мундијалот ќе биде селектор на Емиратите!?

14

Екстремно успешниот хрватски селектор Златко Далиќ нема уште долго да биде на оваа функција. Најверојатно по Мундијалот следното лето, тој ќе си замине од функцијата и ќе се пресели на нова.

Човекот кој што ја однесе Хрватска до свестските фудбалски височини, има големи шанси да биде следен селектор на Обединетите Арапски Емирати. Таму тој е исклучително ценет затоа што работеше долго време како тренер на тимот на Ал Аин, со ког освојуваше титули.

Па така, во тој дел од светот Далиќ е исклучително ценет, а се пишуваше дека годиниве имаше есктра понуди вредни десетици милиони евра годишно од Катар и Саудиска Арабија за да биде нивен селектор.
Сепак, медиумите во ОАЕ велат дека тој е дефинитивно најсериозниот кандидат за нивен следен селектор, а дали тоа и ќе се оствари останува да видиме.

 

ПретходноАпсење на навивачи по дуелот Осасуна – Реал Мадрид
СледноПМФЛ полувреме: Тамба донесе предност, Бутуровиќ го „поништи“ водството на Шкендија (ВИДЕО)