Елмас го одигра целиот меч: Аталанта со пресврт го доби дербито со Наполи!

51
ФОТО:.facebook.com/atalantabc/

Аталанта со 2:1 успеа да го победи Наполи во дербито на 26.коло во Серија А. И веднаш да кажеме дека повторно Елиф Елмас не само што беше стартер туку го одигра и целиот натпревар во дресот на шампионот и беше сосема солиден, но и тоа не беше доволно неговиот тим да го избегне поразот.

А тимот на Антонио Конте поведе со 0:1 со голот на Беукема во таа 18.минута на оваа средба која се одигра во Бергамо.

Во продолжение од средбата домашните одиграа многу подобро, а во 61.минута Пашалиќ успеа да израмни на 1:1. И тоа не беше се од Аталанта, имено се играше 81.минута кога Самарџиќ со прекрасен гол со глава успеа да го совлава Вања Милинковиќ – Савиќ за 2:1 и за голема победа. Овој триумф на Аталанта е прв по четирите порази од Наполи во серија на свој терен.

ПретходноАргентинецот во ретко видено издание: Кога Меси ќе збесне! (ВИДЕО)
СледноПо 46 години: САД повторно е олимписки шампион во хокеј!