Официјално затворени Зимските олимписки игри во Милано и Кортина

97

Најголемиот спортски фестивал, Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, вечерва и официјално се затворени со спектакуларна церемонија на големиот римски амфитеатар во Верона. Италијанците направија посебна претстава инспирирана од нивната богата култура и историја во споменикот на културата на УНЕСКО – Арена ди Верона.

Затворањето почна со парадата на спортистите со знамињата на сите учесници. На Зимските олимписки игри во Милано и Кортина учествуваа малку повеќе од 2.900 спортисти, а приближно 1.400 спортисти учествуваа на церемонијата на затворањето. Останатите претходно се вратија дома.

Македонија на оваа Олимпијада беше претставена од четворица спортисти, по двајца во алпско скијање и нордиско скијање.

Рено Музелје го прими олимпиското знаме во име на организаторите на претстојните Игри во 2030 година во Француските Алпи. Француските Алпи ќе бидат домаќини на 26-тите Зимски олимписки игри од 1 до 17 февруари 2030 година .

Што се однесува до медалите на овие Олимписки игри, најуспешна беше Норвешка со вкупно 41 медал, од кои 18 златни. На второто место се пласираа САД со 33 медали, од кои 12 златни, а на третото место беше Холандија со 20 медали, од кои 10 златни.

ПретходноРоналдо заборави на заминување: „Јас ѝ припаѓам на Саудиска Арабија, сакам да продолжам тука!“
СледноПрвпат по 90 години: Арсенал двапати го совлада Тотенхем со 3 гола разлика