По 46 години: САД повторно е олимписки шампион во хокеј!

93
ФОТО:x.com/milanocortina26

Репрезентацијата на САД ја освои олимписката титула во машки хокеј на мраз по трет пат.Американците победија со 2:1 (1:0, 0:1, 0:0, 1:0) по продолжението над своите соседи од Канада по победничкиот гол на Џек Хјуз една минута и 41 секунда во продолжението на Олимписките игри во Милано-Кортина.
Ова е првата титула за американската репрезентација по „Чудото на мраз“ во Лејк Плесид во 1980 година и првата со учество на играчи од Националната хокеарска лига. Така, САД моментално ги поседуваат двете најважни титули во светот на хокејот – Олимписката и светската.

Болди во првата третина донесе водство на САД, потоа израмни Макар во втората.

Откако останата 1:1, се замина во продолженија а таму Хјус стрелаше за победа и голема радоста на Американците.

ПретходноЕлмас го одигра целиот меч: Аталанта со пресврт го доби дербито со Наполи!
СледноЛиверпул со многу среќа до победа кај „Шумарите“!