Во последниот вечерашен натпревар од 25-то коло на шпанската Ла Лига меѓу Виљареал и Валенсија, домашните заминаа како победници со 2:1. На стадионот „Керамика“, Виљареал ги освои трите бода со кои доаѓа зад Барселона и Реал (М) на третото место на табелата.
Напаѓачот на Валенсија, Ларџи Рамазани, го постигна првиот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 27-та минута. Четири минути подоцна, играчот од средниот ред на Виљареал, Сантијаго Комесања, израмни, а во судиското продолжение, Папе Гуеј им донесе водство на домаќините со одлично изведен пенал. Ниту еден од тимовите не постигна гол до крајот на натпреварот.
Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски беше стартер на голот за „лилјаците“. Освен што прими два гола, Столе имаше и 3 успешни одбрани.










